Македонскиот премиер има биографија за која повеќето политичари – не само од Балканот – можат само да сонуваат.




Својата животна приказна тој ја раскажа за српски „Курир“, откривајќи како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да побегне од сите на мотор.




„Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена.




Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продавав суви пиперки во Србија“, вели Заев.




„Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, истакнува премиерот на РСМ.




„И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже еден српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, додава тој.




Заев раскажува и зошто влегол во политика.
„Беше 1995-96 година. Чичко ми рече дека некој од деловниот сектор мора да влезе во политика затоа што политичарите работат само со професори и не знаат каква е реалноста. Некој мора да ги научи политичарите да креираат поинаков амбиент, да создадат фер можности за секого.




Станав пратеник во 2003 година, а градоначалник на Струмица во 2005 година. Тоа и бев во следните 12 години. Премиер сум од 2017. И кој ме контролира?! Па, мислам дека само Зорица ме контролира. Затоа што, знаете како велат – има шеф над шефот“, вели Заев.
Извор: Курир.рс!
