Македонија е мала, но толку убава земја, која може да биде богата, но, се чини дека долгата транзиција и неуспешните обиде да завладее ред, не и даваат да оди напред.




А природата дала води, планини, прекрасни пасишта и плодна земја, за која во многу делови од светот може само да сонуваат, кога станува збор за земјоделието на пример.




Но нашите села се речиси празни, во нив живее едвај по некој старец. Сите сакаат да живеат во градот, сите сакаат да бидат во Скопје. Една од најлошите идеи на партиите беше континуираното вработување на партиски кадри во државните институции.




Многумина од нив, немаат никакви работни задачи, или обврските им траат едвај еден час, па времето го поминуваат на социјалните мрежи, бистрејќи политика, навредувајќи се меѓу себе и.т.н.




Образованието ни е исто така на најниски гранки. Во нашите училишта се кубури со основни средства за хигиена. Да не зборуваме за ндгледни помагала или компјутери. Во ова време на пандемијата, ја гледаме реалноста, која е навистина сурова.




Нашиот познат композитор, Златко Ориѓански, во статус на својот профил на социјалните мрежи, укажува на еден факт кој го доживеале речиси сите нашинци, кои живеат, работат, или биле само како туристи во некоја поголема европска или светска метропола.




Кога ќе се најдете на едно вакво место, каде луѓето си ја бркаат работата и не ги интересира ништо друго, ниту политика, ниту „козата на комшијата“, сфаќате со колку непотребни работи сте се оптеретувале, наместо да го живеете животот со полни гради.




На крајот на краиштата и сфаќате од каде сте, бидејќи некои наши политичари со месијански идеи, во периодот кога се на власт, знаат да ни дадат лажна надеж дека ние сме папокот на светот.




Ова е статусот на Ориѓански:
-Боже здравје, првиот пат кога ќе појдете во Лондон, верувам, ќе се возите во некое метро. Излегувате на семафори и одеднаш, река од народија, тргнува кон вас.




Вие, дојдени од оваа селендра, нема да знаете како се викате, ке почне да ви се врти, луѓе, ликови, раси, народи, не сте во Кичево хаха и тогаш ке сфатите дека Македонија




е едно мало безначајно зрнце во тој голем свет, кој секој ден гледа да заработи за да живее, независно од каде доаѓа. До тогаш, фантазирајте.“
