Состојките на овој пијалок се, секоја за себе, чисто хранливо злато, кое ќе ја регенерира секоја клетка во вашето тело.




Докторка од Индија на јавноста и откри древен рецепт за таканареченото златно млеко, кое го наследила од баба и за кое вели дека го пие секогаш кога е болна, бидејќи многу брзо и ефикасно го зајакнува имунолошкиот систем и го смирува воспалението.




Индискиот доктор Бинди Ганди, која живее и работи во Америка, неодамна за порталот „MindBodyGreen“ откри едноставен, но ефикасен рецепт за ајурведски пијалок, кој помага за зајакнување на имунитетот и смирување и отстранување на воспалителните процеси во организмот.




Овој ароматичен и здрав напиток популарно го нарекуваат „златно млеко“, а рецептот оваа докторка го наследила од нејзината баба.




– И денес, иако сум доктор, кога сум болна се уште го правам она што ми го кажа баба ми. Јас правам „златно млеко“ – рече Биндија.




Главната состојка на пијалокот е куркумата, познат индиски зачин со интензивна жолта боја чии лековити ефекти се познати уште од античко време. Куркумата има антисептички и антибактериски својства, го чисти црниот дроб, го регулира метаболизмот, влијае на расположението, помага при слабеење, одлична е за псоријаза и други кожни болести, го забрзува зараснувањето на раните…




– Во куркумата дефинитивно има сила и вистина – истакнува д-р Ганди и додава дека следната „тајна“ состојка во „златното млеко“ е најздравиот мед на светот – медот манука.




Медот Манука се добива од цветовите на растението манука кое расте во Нов Зеланд, а студијата за оваа состојка од 2010 година објавена во Европскиот весник за клиничка микробиологија и инфективни болести покажува дека е способен да ги убие сите тестирани патогени. Исто така, за разлика од ефектите на антибиотиците, патогените тестирани во овој мед не беа во можност да изградат отпорност.
Рецепт за златно млеко




Потребни состојки:
- кокосово млеко (или некое друго растително млеко како бадем)
- 1 лажица куркума
- црн пипер
- малку мед
- кардамон
- цимет




Подготовка:




Нежно загрејте го млекото, па додадете ги куркумата и биберот. Потоа тргнете го од оган, оставете малку да се излади и додадете мед, кардамон и цимет. Промешајте и пијте наздравје!
