Иако се млади, делуваат здрави и имаат дете, Ангелик (20) и нејзиниот партнер Мајк (25) од Германија не покажуваат никаква намера да се вработат.

Парот живее од социјална помош позната како граѓански додаток, кој им овозможува сосем солидни месечни примања благодарение на различни субвенции и административни пропусти. Тие двајца со својот син, од државата секој месец добиваат повеќе од 3.300 евра, што им овозможува живот без поголеми финансиски грижи.

Не се грижат многу за цени и акции

Така 20-годишната Ангелик и 25-годишниот Мајк не се многу загрижени за цените или посебните акции.

И нивниот безгрижен став е очигледен дури и при обична прошетка низ Пирмазенс, градот од каде потекнуваат.

Кога Ангелик ќе огладни, без размислување влегува во блискиот локал и нарачува помфрит и пијалок. Цена од речиси 7,50 евра за неа не е проблем, пишува Fenix.

„Парите не се важни. Ако ги имаш, тогаш ги трошиш“, рекол Мајк.

Не знаат да раководат со парите

И покрај големите надоместоци што ги примаат, месецот често им завршува со празен паричник. До 25-ти во месецот, велат, им остануваат само десетина евра. Тогаш бараат помош од мајката на Мајк.

Се поставува прашањето: како е можно со толку големи износи да не можат да преживеат месец, бидејќи многумина кои работат полно работно време не постигнуваат примања од 3.000 евра.

Одговорот изгледа едноставно – немаат развиени финансиски навики ниту чувство за управување со парите. Мајк признава:

„Понекогаш имам 200 евра кај себе и ги потрошам истиот ден, а ни не знам на што. На крај се прашувам каде исчезнаа парите.“

Ангелик, од друга страна, смета дека не е проблем во нивниот однос кон парите.

„Едноставно излегуваш, огладнуваш, и тогаш купуваш скапи работи – на пример Кока-кола за два евра, иако во Кајфланд можеш да ја добиеш за еден евро“, вели таа.

Мајк додава: „И децата многу чинат.“

Изгледа дека двајцата сè уште не се свесни дека всушност немаат развиени вештини за управување со личните финансии.