„Многу луѓе не биле слушнати, тестирани или третирани добро поради прекумерната тежина“, вели Аманда, која сега создава содржина за да ги научи другите да застанат во одбрана.

Аманда Ли (29) од Лос Анџелес веќе подолго време страда од стомачни болки, поради што отишла кај неколку лекари. Но, не ја сфатиле сериозно поради големата тежина, а тоа и го препишале на прејадувањето.

Меѓутоа, еден месец подоцна, лекарот кој ја направил нејзината колоноскопија и дијагностицирал рак на дебелото црево кој се проширил на лимфните јазли.

Во неколку наврати лекарите ги отфрлија тврдењата на Аманда дека е болна поради нејзината тежина, а еден од лекарите дури и кажал дека благослов е што не може да јаде многу. Аманда изјавила дека долго време страдала од стомачни проблеми и дека била кај неколку лекари. Минатиот февруари кога му кажала на докторот дека едвај јаде од болки и дека многу ослабела, тој нечувствително и рекол дека „можеби и не е толку лошо“, пишува BuzzFeed.

Откако и бил дијагностициран рак, почнала со хемотерапија и сега е во ремисија.

Откако дозна дека ја има оваа сериозна болест, Амандра почна да снима видеа на TikTok. „Сè уште сум збунета од фактот што докторот ги игнорираше моите симптоми на рак на дебелото црево“, рече Аманда.

Нејзиното минатогодишно видео стана вирално со повеќе од половина милион прегледи, а нејзиното ново видео беше прегледано повеќе од 250 пати.

Минатиот месец, една година откако го објави видеото, таа повторно го сподели клипот на TikTok.

„Многу луѓе не биле слушнати, тестирани или третирани добро поради прекумерната тежина “, рече Аманда, која сега создава содржина за да ги научи другите да се залагаат за себе.

@mandapaints

I talk about my size to make a point about #fatphohia #MaiselChallenge

♬ original sound – Amanda Lee