Американски инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести (НИАИД), оцени дека Италија „мора да биде крајно внимателна во оваа фаза, имајќи предвид дека инфекцијата се шири во соседните земји и дека ова е време на голем предизвик“, бидејќи треба да се обнови економијата.
Д-р Фаучи учествуваше на интернет-конференцијата „Граници, фестивал на здравјето“ (Frontiere-Festival di Salute) организирана во Рим и по тој повод рече дека враќањето во нормален живот може да се очекува на крајот на следната година.
До тогаш, Фаучи препорачува строго почитување на пропишаните мерки: заштитни маски, физичко растојание, избегнување групни собири и останување надвор.
Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.
Доволно е да се вакцинираат 75% од светската популација за да се запре ширењето на инфекцијата – смета Фаучи.
Skopje24.mk
