Емисиите на познатото музичко „Ѕвездите на Гранд“ започнаа да се снимаат со полна пареа, а во последната емисија може слободно да се каже дека македонските натпреварувачи ги имаше во голем број. Некои од нив поминаа и директно во четвртиот круг.

Александар Јосифовски од Охрид кој е под менторство на Ѓорѓе Давид се најде во дуел со Тарик Јашар од Сараево. Тој се претстави со песните „Обрати пежања“ и „Тешке боје“. Македонецот ги освои сите пет гласа и помина директно во следниот круг.

Јелена Карлеуша имаше само пофални зборови за Македонецот, а успеа и да ја расплаче неговата тетка која специјално дојде од Шведска да го поддржи Александар.

„Тетке, ти можеш заедно да со Александар да си одиш во Македонија, Шведска, Охрид каде и да сакате, што се однесува до мене тој не мора да се натпреварува. Овој дечко треба со закон да се заштити“, изјави Јелена.

„Ти си толку оригинален Александре, се согласувам дека си за финале“, изјави Вики.

Неговиот настап може да го погледнете на видеото подолу на 1ч и 32 минути.