Еден од најголемите турски владетели имал необични методи на владеење, а исто така и неговите желби за умирање
Сулејман Величествениот, познат и како Кануни , што значи Законодавец, бил образован владетел . Зборувал четири јазици : арапски, персиски, српски и чагатај, што е стара форма на турскиот јазик. На власт дошол кога имал 26 години, а неговото владеење траело дури 46 години.
Непосредно пред неговата смрт, султанот Сулејман ги повикал поверениците и им ги диктирал своите три последни желби:
Првата желба била неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите останки за време на погребот.
Неговата втора желба беше златниците и скапоцените камења да останат зад поворката по патеката по која минуваа неговите останки.
Третата желба беше рацете да му излезат од градите, за да можат сите да ги видат.
Кога врховниот командант на војската, збунет од она што го слушнал, го прашал за причината за таквите желби, султанот објаснил:
Најдобрите исцелители нека ги носат моите останки за сите да видат дека и тие се немоќни пред смртта.
Расфрлете го целото злато што го собрав цел живот наоколу за да можат сите да видат дека сè што сме стекнале останува на овој свет.
Нека ми штрчат рацете од градите за да видат сите дека Падишахот на целиот свет, Сулејман Величествениот, оди на другиот свет со празни раце!
