Познатиот италијански бренд Гучи неодамна предизвика разни реакции со фустанот за мажи со сатенска лента, а се покажа дека навистина има стрејт мажи кои уживаат да носат женска облека и додатоци.
Фотографиите на маж облечен како жена со високи потпетици и машка кошула и вратоврска, изминатите неколку дена стана вистински хит на социјалните мрежи низ цел Балкан, па и кај нас нормално, но сите претпоставуваа дека се работи за шега и ништо повеќе, сепак приказната позади овие фотографии е неверојатна.

Имено, ваквите комбинациите од различна машка и женска облека и обувки станаа до толку вирални на социјалните мрежи што предизвикаа дебата за унисекс облеката.
Марк Брајан е самопрогласен стрејт маж, кој сака Порше, убави жени, но и високи потпетици и здолништа во секојдневната гардероба. Bored Panda пишува дека тој е американски инженер за роботика, кој моментално живее во Германија.
61-годишниот татко на три деца вели дека неговата сопруга не само што го поддржува, туку му препорачува и што треба да облече, додавајќи дека неговата ќерка често сака да позајмува чевли од него. Откри и дека се облекува така затоа што сака да биде поинаков, а не гледа ништо сек*уално во неговите аутфити.
„Мажите можат да го имаат овој стил без да бидат етикетирани како геј или квир“, вели тој.
Неговите фотографии неодамна станаа вирални, најпрво на Pinterest и Facebook, а потоа и на другите социјални мрежи.
Неговата сметка на „Пинтрест“ има околу 1.300 следбеници, но неговите фотографии ги гледаат повеќе од 20.000 луѓе месечно само на таа социјална мрежа.
Тој редовно објавува фотографии на Pinterest во различни комбинации на облека, а многумина тврдат дека очигледно има поразвиено чувство за мода отколку повеќето мажи. Не е јасно дали Марк се облекува така секој ден или само позира за фотографиите, но тие предизвикале лавини реакции, а некои велат дека неговите потпетици се вклопуваат исто како и кај жените.
Еве уште неколку негови модни комбинации:

