Скромен и едноставен кажува дека во оваа кожа во која се нашол од пред 11 месеци, откога поради пандемијата ја загубил работата како магационер, не му е воопшто удобно




Младиот човек од Приједор, Кристијан Вујчич (26) е еден од 250 корисници на јавната кујна „Оптимисти“. Секој ден доаѓа по оброк за себе и за мајка си и тоа никому не би му било чудно што Кристијан не е јунак од приказните за босанско-херцеговинските „ловци на бура“ и е младо лице кое дипломирало со десетка на тема реформите на јавната управа во БиХ, пишува Инфоприједор.




Од дипломиран економист, смер јавна управа, до јавна кујна патот е трновит за изгубените соништа и надежи дека негде под оваа капа небеска постои некаде место на кое ќе биде сигурен и среќен. Со денови новинарите го убедуваа да зборува. Скромен и едноставен кажува дека во оваа кожа во која се нашол пред 11 месеци, кога ја загубил работата како магационер поради пандемијата, не му е воопшто лесно.
Не сум единствен кој остана без работа. Свесен сум дека мојата позиција на социјалното скалило сега е на самото дно. Ако ме прашувате дали ми е срам поради тоа, признавам дека ми е. Срам ми е од земјата по која одам, факултетот, гимназијата, а особено од пријателите и роднините. Оваа година ми одзеде се што со години се обидував да го одржам на нозе, а еве денес и угледот – зборува со така видлива, опиплива тага, младото лице кое не заборава кои се сега, а и на оние кои порано биле со него.




Благодарен сум им секако. Ова е само уште една тажна и срамна животна приказна во морето од другите, но и огледало каква е состојбата на младите. Кога проаѓам низ градот, тук- таму среќавам по некого. Од мојата генерација повеќето се на запад, а како мали мечтаевме и сонувавме за своите успеси и подобар живот овде. За жал, еве секој ден е се полошо и потешко – кажува овој 26-годишен млад човек, кој за овие 11 месеци не седел со скрстени раце, туку активно и безуспешно се обидувал да најде било каква работа.
Престанал да ги брои пријавите за работа




Барав работа, но безуспешно. Некаде околу 60-та апликација престанав да бројам, а одговор добив на пет од нив. Не бев пребирлив, аплицирав и по струката и надвор од неа- кажува Кристијан, кој во тој период буквално би работел се и сешто за да преживее.
Беа тоа работи за дневница, од земјоделски работи во текот на сезоната, берба на овошја до работа на пиланата и до сечење стебла. Волонтирав дури и во хуманитарните организации. Како залади времето, така приликите за надница се намалија, па бев приморен да се обратам во јавната кујна „Оптимисти“ на која во оваа прилика и се заблагодарувам. Некако тој назив на кујната се погоди со мојот начин на размислување. И покрај се што ми се случи, јас сепак сум оптимист иако овие години ги работев најтешките работи, за кои како академски граѓанин не ни сонував. Во сето тоа видов лекција. Изгледа животот сакаше да ме научи на нешто ново, да ми ги каже вистинските вредности – уверен е Кристијан.




Кристијан од една страна има храброст да се соочи со ситуацијата во којашто е, а друга страна е немоќен да излезе од магичниот круг, во кој се наѓа не по свој избор. За да биде се полошо, иако тој тоа никогаш не го спомнува, овој човек со полна одговорност се грижи и за својата болна мајка. Мал лекарски зафат би му бил потребен и нему, за решавање на порани и занемарени здравствени проблеми, кои за жал имаат своја цена, па затоа секој кој може да му помогне на Кристијан нека уплати средства на:
Девизна сметка: IBAN BA395514902857829741 SWIFT BLBABA22
Тековна сметка: 45459839000
Трансакциска сметка: 5514902547996124




Најголема благодарност би добиле оние кои ќе му помогнат да се вработи и со својот труд да обезбеди средства за живот за себе и за мајка си. За човек со десетка во дипломата, кој „игра“ со компјутери и од хоби со „бури“ тоа е така малку што може веднаш да се направи.
