Ако го сакате ајварот, овој лажен ајвар ќе го засакаете уште повеќе, бидејќи се подготвува брзо, а вкусот е фантастичен.

Само за љубителите на ајварот ви носиме рецепт за лажен ајвар што се прави брзо и лесно:

Потребни состојки:

  • 1 пиперка

  • 3 печени црвени пиперки

  • 1/8 лажичка кимион

  • 200 г кисела павлака

  • 50 г крем-сирење

  • 1 лажица лут ајвар

  • 1 лажичка лук во прав

  • малку мелена зачинска пиперка


Подготовка:

  1. Во сад измешајте мајонез и кисела павлака.

  2. Додајте крем-сирење и лук во прав.

  3. Пробајте, па доколку е потребно, посолете и додадете зачини по вкус.

  4. Умешајте го киминот, а халапењо пиперката ситно исечкајте ја или изрендајте ја.

    • Ако сакате помалку лут вкус, извадете ги семките.

  5. Измешајте ги сите состојки, па додајте ајвар и печените црвени пиперки што претходно сте ги насекле.

  6. Ако сакате намазот да биде покомпактен, искористете рачен блендер.

  7. Украсете со алевa пиперка и до сервирањето чувајте во фрижидер.

  8. Послужете со свежо сечкано зеленчук или препечен леб.