Секогаш со свој став и размислување.

Матичниот лекар Ненад Лазаров повторно ја бранува јавноста со свој текст на социјалните мрежи.

Лазаров е еден од најактуелните медицински лица на социјалните мрежи, каде често знае да даде мислење за настанатите ситуации, да одговори на прашања од негови читатели и така натаму.

Пред некој ден неговата фотографија крена лавина од реакции, на која се гледа како голема група на млади луѓе во 21 часот навечер чекаат ред пред Силбо за јадење, на неполн час пред почеток на полицискиот час.

Утрово тој има нов статус, кој најавува дека следната здравствена катастрофа ќе биде многу поразлична од пандемијата со Ковид-19, но за што точно станува збор прочитајте го во продолжение неговиот став.

-Следната здравствена катастрофа која не очекува е резистентноста на антибиотици.

Тоа значи враќање на болести, непотребна смрт од некогаш банални инфекции и тн.

Јас сум роден 1984 година, тогаш последно е воведена нова класа на антибиотици.

Мислам дека е крајно време да им се наложи инвестирање во развој на антибиотици на владите, зошто фармацевтската индустрија не игра во интерес на пациентите и не остави на цедило, впрочем како и за пандемијава со коронавирус, ниту еден развиен ефективен антивирусен лек!

New Delhi резистенција на карбапенем (NDR), Кинеска резистенција на колистин (MCR-1).

Тоа е тоа.