Како што и претходно беше откриено за јавноста, Лила потврди дека дента кога Боки 13 беше уапсен, таа заедно со него и новнарката Анета Кочишки биле тргнати на одмор на Миконос.




Лила рече дека биле тргнати за Миконос, но нажалост одморот не се реализирал.
На прашањето од судијката кој го платил овој луксузен одмор, Лила остро одговорила дека таа секогаш носи пари со себе, никогаш не чека друг да и плаќа нешто, па ниту одморот кој ако требало да се плати ќе го платела самата.




Лила претходно сведочеше дека повеќе не се пријатели со Боки 13 и дека има причина зошто е тоа така.




Филиповска тврди дека, најпрвин по барање на Боки 13, дала донација од 25.000 евра за „1ТВ“, бидејќи како што рече, сакала да и помогне на телевизијата. Потоа следела и позајмица од 500.000 денари.




„Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку години скарани, па после пак се смиривме. Во 2018 година на Бојан му позајмив 500.000 денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица“, изјави Филиповска.




Таа додаде дека биле неколку пати на викенд на одмор.
„Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно и платено, не стигнав да дознам.
Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме части. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“, рече Филиповска. Бојан Јовановски немаше прашања за долгогодишната пријателка.
Судијката Мери Дика – Георгиевска од Апелациониот суд Скопје, кума на об-винетиот Бојан Јовановски-Боки 13, прва даде исказ на рочиште како сведок на Обвинителството.
„Бојан Јовановски го знам од дете бидејќи со неговата мајка се знам повеќе од 50 години, од претшколска возраст. Јас колку што знам, по враќањето од Белград, Бојан работеше на проекти за заштита на ранливи категории, по мое знаење финансирани од ЕУ. Во 2017 година, Бојан кажа дека е избран да биде претседател на Меѓународниот сојуз за Македонија.




На тој настан имаше видни луѓе, а јас таму бев поканета како гостин. Бојан од Белград се врати доста изменет, посериозен. Работеше на проекти и ја отвори телевизијата“, рече Мери Дика Георгиевска, чија сестра Агапи Дика беше претседател на Меѓународниот сојуз и беше повикана како сведок во вториот дел на „Рекет“, кој се однесува на оваа организација.




На прашање, апелациската судијка потврди дека таа патувала со Боки 13 и неговата мајка. Едно од тие патувања било и тоа во 2018 година кога заминале со кола за Милано.




Таа рече дека во Италија одела секогаш кога можела, бидејќи таму веќе пет години живее нејзиниот син, нагласувајќи дека не знае што купувал обви=нетиот, но дека на враќање на нејзино име пополниле два формулари за поврат на данок.




„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“ додавајќи: „Го познавам од неговата 15-та година.




Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, објавува А1он.




Лила истакна дека дала 500.000 денари позајмица на “БМЈ МЕДИА ГРУП.” а никогаш не примила пари од истата.
За потсетување, водителката Лила Филиповска, беше онаа која беше затекната заедно со Боки 13 во автомобилот кога на 15 јули Бојан Јовановски сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.
Бојан Јовановски беше у-апсен на 15 јули на граничниот премин Богородица. Тој се обиде да ја помине границата и да ја напушти државата со полна торба пари а со него биле Лила Филиповска и по претпоставка на медиумите кои тогаш шпекулираа познатата новинарка Анета Кочишки./skojden.net
