Мелита Ракичевиќ, нашата позната поранешна водителка, поприлично е активна на социјалните мрежи.

Таа во последно време не се експонира премногу во медиумите, за разлика од нејзината ќерка Барбара која е водителка и започна кариера како пејачка.

Но нејзините фотографии на социјалните мрежи дефинитивно го привлекуваат вниманието, посебно на фановите.

Таа редовно со нив ги споделува моментите од своето секојдневие, а сега објави неколку нови фотографии.

Имено, Мелита објави неколку фотки направени на покривот на зградата во која што живее во населбата Аеродром.

Таа се фотографираше со својот миленик, облечена во пpoвoкативно издание, високи чизми со штикли.

„Да даваш и да примаш љубов за мене е привилегија само на се поретки срца. А дефиниција за чиста толку блескава безгранична љубов даваат кучињата. А јас вечно заљубева во љубовта ја наоѓам во сите животни“, напиша Ракичевиќ под своите фотографии на Фејсбук.

Инаку, ова не е прв пат Мелита да открива нови модни трендови кои секогаш ги носи смело на свој начин
Таа не ретко носи комбинации какви ретко гледаме на овие простори со кои се издвојува од топлата.


Region.mk