Последици од короната, некои и со неограничен рок:
Ти се најавуваат гости и одма се прашуваш “овие вакцинирани ли беа или прележаа у пм”
- Уште стоиш на 2 метри од луѓето во ред на каса
- По пет саати киснеш марула во лавабо
- Шубе ти е да јадеш краставица со лушпа




- На рафтовите брцкаш подлабоко за да земеш производ, помалку луѓе го допреле
- Дезинфициенс останува за век и векови, во ташна, во џеб, на маса, во кола
- Се шеташ без маска и се осеќаш ко да си заборавил сукња да облечеш




- Наочарите ги поднаместуваш да се над маската, а маска немаш
- Имаш залихи од нови 154 кармини купени во последнава година
- Излагаш во 21 часот и си викаш, е што ќе искачам сеа, ќе затворат
- Гостите ти седат најкасно до 23 часот, да не фати полициски




- Купуваш само производи на кои е нагласено дека се антибактериски, по можност и антивирусни
- Имаш залихи од вит Ц, цинк, селен, вит Д и бета глукани за уште 2 генерации
- Кога правиш обична крвна слика, автоматски ти иде да кажеш, и Д димери, ЦРП и антитела ќе ве молам
- Немаш веќе изговори зошто не можеш да се појавиш на некоја средба




- Немаш веќе изговор кога сакаш да избегнеш некој да кажеш “лелеее абе не те познав од маската”
- Никола Пановски го бараш и кога ќе ти протече нос, по навика
- Ти фали Космонаутко во 6 сабајле, да ти запее

