Во новогодишната ноќ нема да има врнежи и температурата ќе биде плус три до седум степени Целзиусови, предвидува метеорологот Иван Ристиќ.

Во наредните денови ќе продолжи пролетното време, во региони без магла температурите ќе се движат од 10 до 15 Целзиусови степени, првиот дожд ќе пристигне во вторник на 2 јануари. Студот ќе пристигне дури околу Божиќ на 7 јануари, напиша Ристиќ на својот Фејсбук профил.

Како што претходно рече Ристиќ, оваа зима ни претстојат три студени периоди кои ќе донесат студено време и снег и во Европа и кај нас.

„Положбата на циклонот што ќе се формира на границите на топлата и студената арктичка маса ќе фаворизира пообилни врнежи од снег во одредени делови од нашата земја. Првиот студен период ќе започне веќе околу Божиќ и ќе трае околу 20 дена, па добар дел од јануари ќе биде вистинска зима со многу снег.

Ќе биде и најстудениот дел од годината. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи, на високите планини се очекува слаб и умерен мраз од -10°C до -5°C, силен мраз до -20°C. Максималната температура околу 0°C. Потоа со засилување на западниот тек кон крајот на јануари температурата се зголемува и се топи снежната покривка во пониските и планинските предели под 1.500 метри надморска височина. Претпладне на места ќе има слаб мраз, додека највисоките дневни температури ќе бидат меѓу 10°C и 15°C, во потоплиот период ќе дува слаб и умерен јужен ветер“, изјави Ристиќ.

Следниот, втор студен период ќе започне околу 10 февруари и ќе трае помалку од 7-10 дена, но ќе донесе и многу снег и формирање на снежни наноси.

Потоплите периоди ќе бидат потопли така што во март највисоката дневна температура може да надмине 20°С. Иако генерално зимата повторно ќе биде нешто потопла од просекот, ќе имаме солидна бројка на вистински зимски денови со снег и мраз, односно ниски температури.

Обилни врнежи ќе има и во постудените периоди, претежно во форма на снег и околу 20 дена со снежна покривка во пониските предели. Зимите што ги имавме во минатиот век имаа во просек по 30 дена со снежна покривка, така што оваа година бројката е нешто помала“, прогнозира метеорологот Ристиќ.