Тој во солзи се прости од сопругата, а две недели по погребот, семејството одржа панихида. Следниот ден, 2 јуни, сите беа шокирани.




Мутијала Гадаја го погреба телото на својата сопруга Гиријама (70) на 15 мај минатата година, за која се веруваше дека починала од Ковид во болница во Андра Прадеш, Индија.




Тој во солзи се прости од сопругата, а две недели по погребот, семејството одржа панихида. Следниот ден, на 2 јуни, сите останаа шокирани – сопругата на Мутиал и нивниот драг братучед се вратија дома.




Според медиумите, жената била примена во општата болница на 12 мај поради симптоми на Ковид. Нејзиниот сопруг добил дозвола да ја посети, но кога дошол во болница на 15 мај, таа не била на одделението. Сестрите му рекле дека состојбата и се влошила и дека починала.




Работата да биде уште полоша, му предале завиткано женско тело во мртовечницата , за да може да ја погреба својата сакана сопруга во неговото родно село. Скршениот Мутијала телото го пренесе во селото. Плашејќи се да го одвитка телото за уште некој да не се зарази, ја погреба сопругата истиот ден, си помисли.




Тоа не беше крајот на неговата несреќа. Неколку дена подоцна, на 23 мај, добил вест дека неговиот син Рамеш (35) починал како последица на Ковид во болницата Камам.




Семејството во тага и очај решило да организира панихида за двајцата загинати на 1 јуни, но еден ден подоцна на вратата од куќата се појавила Гиријама.




Гиријама пристигнала дома доста лута, бидејќи не само што нејзиниот сопруг престанал да ја посетува, „туку не ни удостоил да дојде и да ја земе откако таа излезе од болница“. Старицата дала 3.000 рупии за да може да се врати дома.
