Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, реагираше на тврдењата за мигранти во земјата и го предизвика министерот за здравство Венко Филипче: „Ако најдат еден мигрант во Македонија, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, нека се извинат јавно за создавањето паника“, рече Мицкоски.
Тој објасни дека денешната прес-конференција на СДСМ се базирала на две тези: мигрантите и наводниот недостиг од една милијарда евра во буџетот. „Во првите пет дена од декември, буџетот доби 10 милијарди денари, а приходите и расходите се во баланс“, додаде Мицкоски, истакнувајќи дека Македонија е во стабилна финансиска кондиција и нема да се задолжува дополнително.
Мицкоски нагласи и дека растот на БДП е солиден, а инфлацијата е за 0,5% пониска од минатата година, додавајќи дека граѓаните не треба да се грижат за мигрантите. „Македонија е зад Данска и Кипар со раст на економијата, и очекувам таа стабилизација да продолжи“, заклучи тој.
