Клер Рајан Крозби, е четиригодишно девојче кое ги освои срцата ширум светот откако нејзиниот татко објави снимка од нивната изведба на песната You’ve Got A Friend In Me’.

Дејв ја започна песната, а во вториот дел му се придружи и неговата ќерка. Оние кои ја виделе снимката биле воодушевени од емоциите со кои пее девојчето, а многумина признале дека дури плачеле.

Споменатото видео е прегледано над 80 милиони пати, додека над 244 илјади луѓе ги оставиле своите коментари.

Малата Клер толку многу сака да пее што има и свој канал на Јутјуб.