Вековна мудрост во комбинација со животното искуство за многу генерации од Монасите на Атос.

Ви носиме 25 мудрости од монасите од Света Гора:

-Брат останува брат, дури и ако тој е непријател.

-Библиотеката е аптека за умот.

-Богатите никогаш не се виновни.

-Вековите меѓусебно се копираат едни со други.

-Камилата не си ја гледа грпката.

-Ако влеземе во орото – треба да играме.

-За непријателот што заминува, изградете златен мост.

-Евтиното чини повеќе пари.

-Ако не си ја фалите куќата, таа ќе пропадне.

-Ако успеете да разберете зошто сте родени, ќе разберете сè друго.

-Исповеден грев е половина простен.

-И ѕидовите имаат уши.

-Тој што спие наутро, изгладнува во вечерните часови.

-Подобро одвоени во љубов, отколку блиску и во кавга.

-Со текот на времето, дури и незрелото грозје станува мед.

-Никогаш не размислувајте за тоа што ве загрижува и никогаш нема да имате проблеми.

-Орелот не лови муви.

-Меѓу две зла, нема да најдете што е подобро.

-Раната од нож е лесна за лекување, но нема лек за раната од јазикот.

-Најголемото богатство е во добро срце, а не во голем паричник.

-Не може да се научи старо магаре на нов чекор.

-Зрно по зрно – погача.

-Ведрото небото не се плаши од молња.

-Јазикот нема коски, но крши коски.

извор: stil.kurir