„Играњето“ на окото знае да биде многу непријатно, а според лекарите најчесто е симптом на замор.




Меѓутоа, иако медицината кажува едно, кај нашиот народ, но во туѓите култури се познати некои верувања кои ја објаснуваат причината за трепкањето на левото или десното око.




Верувања
Во Кина, играњето со левото око е знак на среќа, додека играњето со десното око се верува дека носи лош знак.




На Хаваи тоа има тотално друго значење, па играњето со левото око значи дека во семејството ќе дојде непозната личност, но ако играте без престан, тоа значи дека може да дојде до распад во семејството.




Индијците играњето со левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека трепкањето со десното око претставува среќа, сосема спротивно од Кина, пишува Независне .




Имаме неколку различни верувања некои тврдат дека играјнето на десното око претставува остварување на сите желби што сте ги замислиле, додека левото претставува лош знак. Сепак, постои верување дека ако левото око на жената и игра, тоа е повторно обединување со маж кој долго време го немаат видено, па се претпоставува дека тоа е добар знак дека жените за време на војната се плашеле дека нивните сопрузи би се вратил жив.




Еве уште неколку толкувања
Ако ви игра горниот дел од десниот очен капак, тоа претставува радост во семејството, а долниот дел создава ново пријателство.




Се верува дека левиот горен капак значи раѓање на машко дете во куќата, додека долниот дел носи лоши вести.
