Македонскиот шоумен Бојан Јовановски – Боки 13 – за првпат им овозможи на медиумите ексклузивен пристап во неговиот луксузен дом во Скопје. Toј ја отвори вратата за екипата на „Телеграф“ и ги покажа сите детали од неговата трикатна вила, сместена во мирен и престижен дел од градот, со прекрасен поглед и далеку од градската врева.
Во духот на претстојните празници, Боки 13 последниве денови работел со професионални декоратори, кои според негови желби ја претвориле куќата во вистинска новогодишна бајка.
На влезната врата доминира голема, црвена машна, а веднаш штом ќе влезете во дневната соба – чувството е како да сте влегле во новогодишен филм.
Покрај телевизорот стои елка висока до таванот, накитена со црвени, зелени и златни украси. До скалите, веднаш на самиот влез, поставен е голем џуџе-стражар кој симболично ја „чува“ куќата.
На масите има внимателно изработени празнични аранжмани со шишарки, украси, ирваси и златни свеќи.
Но вистинската магија започнува во дворот – сè е осветлено со новогодишни светилки, а таму се поставени и огромни плишани мечиња, како и фигури на Дедо Мраз кои ги „чуваат“ подароците.
Според информациите што ги добил „Телеграф“, вредноста на целата декорација изнесува околу 50.000 евра.
Познато е дека Боки 13 обожава луксуз и комфор, па овојпат ниту малку не штедел за да создаде празнична идила.
