Цунами од вработување во ЕСМ. Државните електрани ќе вдомат над 500 лица. Огласите опишани низ шест страници, во весниците. Се бара кадар за Осломеј, РЕК Битола, за ХЕЦ Црн Дрим – Струга. Се трага по хигиеничари, хаус-мајстори, курири, возачи, технички секретари, па се до инженери, електричари, сметководители.

Нешто над 50 работници се потребни во ТЕЦ Осломеј и дваесетина нововработени во Хидроелектраната Црн Дрим кои исто така се под државните електрани.

Дополнителни голем дел од министерствата преку оглас бараат нов персонал, а нови вработувања се потребни и во Јавните општински претпријатија и во поголем дел од општинските администрации.
Платите кои ги нуди ЕСМ СЕ различни. Во зависност од позицијата, се движат од 30 илјади, па до речиси 60 илјади денари. Се бараат лица и со средно, но и со високо образование.

Секој ден администрацијата има потреба од нови вработувања, вели министерот за информатичко општерство и администрација Азир Алиу. Новите закони кои ја тангираат администрацијата и кои на владата и се во план допрва да ги донесе, ресорниот министер вели, со нив ќе се воспостави ред при вработувањето во државните институции.

„Има луѓе кои заминуваат од јавен во приватен сектор имаме и пензионирање, така да тие потреби секогаш се такви. Јас бев на пат и не сум запознаен со бројката за колку е зголеман бројот, знам дека континуирано се отвораат огласи во различни институции.“ – вели Азир Алиу министер за информатичко општество и администрација.

Фондот за здравствено осигурување бара 41 работник за 36 позиции, Министерството за надворешни работи ќе прими 15 извршители, во транспорт и врски ќе се вработат девет нови луѓе, во МИОА ќе се вработат осуммина, а исто толку позиции се отворени и во Општата болница во Велес.

На сајтот на Агенција се бара кадар и за во јавните претпријатија и десетина Агенции меѓу кои се и онаа за странски инвестиции, во Агенцијата за примена на јазикот.