Секојдневно блиско се соочуваме со заминувањето кое може да биде сериозна животна иснпирација. А оние кои би сакале да им овозможат утеха на другите, потребно е да знаат важни животни лекции.

Запомнете што е навистина важно во животот

Американката Дијана Греј била самохрана 24 годишна мајка во моментот кога го загубила 14 годишниот син Остин. Денес таа е на чело на волонтерската организација која за цел има да помогне на луѓе кои тешко се носат со загубата на саканата личност. Дијана се обидува со својата работа да стави акцент на работи кои во животот се навистина важни, а тоа значи дека предноста треба да се даде на духовното пред материјалното и на луѓето пред работите.

“Кога ќе изгубите блиска личност, вашиот живот преку ноќ ќе се преврти наопаку и вие одеднаш ќе станете свесни за приоритетите во животот. Годините ги поминав бирајќи ормар кој совршено ќе се вклопува со креветот во спалната соба, тепих за дневната соба, боја за ѕидовите. Сосем неважни работи окупираа половина од мојот живот” објаснува Дајана.

Со оваа животна филозофија таа денес се води во работата со пациентите во терминална фаза со цел да им помогне да сфатат како сакаат да го проживеат остатокот од својот живот. Нејзините пациенти не зборуваат со неа за автомобилите кои ги имаат или за тоа дека сакаат да изградат уште еден спрат на куќата. Тие жалат што повеќе нема да можат да поминуваат време со своите внуци и да ги гледаат како растат, сакаат уште малку време за прошетка со своето куче или да ја дочекаат дипломата или венчавката на своите деца.

Што ќе биде кога ќе заминам?

Кога сме на прагот, одеднаш ни станува важно ова прашање: Дали ќе ме паметат луѓето? Со други зборови, на некое ниво си го поставуваме себе прашањето дали нашиот живот имал смисла, постои ли барем некој на кој сме му биле доволно важни да не запамти и кога повеќе нема да бидеме овде?

“За нашите луѓе да не помнат после нашето заминување не мораме во текот на животот да создадеме две-три технолошки компании и да станеме славни. Она на што навистина треба да работиме во животот е да создаваме што е можно повеќе незаборавни моменти со луѓето кои ни значат, да се внесе промена во нивните животи и да се биде према нив онакви како што сакаме другите да бидат со нас. Доколку на смртта се прашуваме дали некој ќе не помни кога ќе заминеме, за животот би требало да го поставиме ова прашање: По што сакаме да бидеме запамтени кога еден ден ќе умреме?

Барате исцелување

Големиот нагласок во животот се става на физичкото исцелување – кога некој после дијагноза ќе заврши во ремисија, кога операцијата добро ќе помине, кога некој ќе оздрави. Повторно, многу од тоа останува нерешено – пријателствата кои исчезнале, љубовниците кои побегнале, браќата и сестрите со кои сте се скарале. Додека некои од овие настани одамна сте ги избришале од памтењето, други останале отворени рани со многу неискажани зборови.

“Кај поголемиот дел од луѓето на крајот од животниот пат се случува нешто магично – некој вид на емоционално или духовно исцелување. Понекогаш тоа е помеѓу оттуѓени браќа и сестри или стари пријатели. Исцелувањето се случува кога одамна болно искуство ќе го согледате од нов агол и ќе го преобикувате начинот на размислување со кој одамна сте ја повредиле саканата личност”, објаснува Греј.

Научете самите да си простите

Не е редок случај да луѓето поминуваат низ животот носејќи го на грб товарот на чувство на вина. Можеби самите си замеруваме поради работи кои сме ги направиле или сме пропуштиле да ги направиме или поради животниот пат кој сме го избрале. Експертите кои работат со личност “пред заминување” велат дека верниците кои се наоѓаат на крајот на животниот пат не сакаат да одат од овој свет носејќи го со себе чувството на вина, страв или грижи. Тие мораат да знаат дека Бог им простува и дека тој знае дека верата е смирувачка во него и никогаш не била разнишана.

Сосем нормално е дхуовниот немир да се појави кога “заминувањето” ќе тропне на врата и да имаме потреба за утеха и сознание како тоа изгледа кога се ви е простено. Да се научи како себе да си простиме може да биде многу исцелувачко искуство во кој било период од животот, а посебно кога сте на крајот од патот.

Продолжете со складни односи

На прашањето за што најмногу жалат пред крајот на животот, луѓето одговараат – да членовите на нивните семејство продолжат да живеат во склад и љубов. Болест или губиток во семејството може да покрене лоша борба околу наследството, откривање тајни или будење на одамна закопани замерки. Тоа чезнеење единствено може да биде поврзано со желбата да се остави мирно наследство.

Малку луѓе ја сакаат својата семејна градина преполна со тензија, па има смисла да луѓето кои заминуваат изразуваат надеж за смирување помеѓу најблиските. Во многу случаеви тоа е комплицирано, но решенијата можат да бидат едноставни.

Кажете им го на луѓето она што сакаат да го знаат

Топлите афирмативни зборови и изјави на обесхрабрување со отворено покажување на љубов можат да имаат далекосежни позитивни влијанија на вашите најмили. Меѓутоа, од ваква отвореност прозилегува ранливоста на која, за жал, ретко кои од нас се спремни.

“Иднината е секогаш неизгледна, а она што мораме да се сосредочиме е сегашноста. Никогаш немојте да пропуштите шанса да кажете на некој што чувствувате кон нив”, потсетуваат експертите.

Создадете убава животна приказна

Изгледа дека луѓето вработени во болници и центри за нега делат еден заеднички сентимент кој би можел да се опише со една реченица: Ќе умреме онака како што сме живееле.

“Општо зборувајќи, лицата кои во животот на другите им правеле добрина, великодушност, нежност и радост, заминуваат мирни и опкружени со мили луѓе и среќни спомени. Сосем спротивното важи за лицата кои во животот биле на другата страна. Додека се уште сме живи и здрави, можеме да избереме приказна која ќе сакаме да ја раскажеме во текот на нашиот живот. Кога сме на крајот од патот, сакаме таа приказна да биде раскажана – нашата љубовна приказна, приказната за прижувување на сите предизвици, херојства, родителство, кариера и слично”, потсетуваат експертите.

Која ќе биде вашата тема на приказна која вашиот живот ја пишува?