Нервозна сум, нерасположена, често се затварам во куќата за да се исплачам од маката, бидејќи сум немоќна нешто да сменам. Тој што може ќе се врати на село, ќе сади зеленчук, ќе чува пилиња, јагниња, гуски и свињи да има што да јаде. Стравувам дека наскоро ќе бидеме сите гладни!

Македонска пејачка Гоца Божиновска која кариерата ја направи во Србија, деновиве е во навистина големи проблеми. И ако треба да е среќна бидејќи наскоро ќе добие внуче од страната на синот Мирко, Гоца мака мачи од сите страни.

– Имам големи финансиски проблеми. Никаде не пеам, а со тоа ниту заработувам. Тоа што успеав да заштедам се парите од кои сега преживувам, со таа цркавицата! Цел месец развлекувам и од многу работи се откажав. Еднаш ми се случи да немав пари да платам некоја сметка за струја. Ужас! Се мачам и не знам до кога вака, многу луто објаснува пејачката.

Кога пред неколку месеци зборував дека пандемијата ќе потрае, моите колеги ми се смеаа. Внимателно ја следев целата ситуација и бев убедена дека вирусот нема да исчезне. Ова како да е намерно се подготвувано, како некоја нова Светска војна. Ние пејачите сме најпогодени. Порано буквално секој викенд пеев некаде најчесто кај нашите иселеници, заработував убави пари, а сега буквално ништо немам заработено скоро целата година. Не знам како ќе се живее понатаму? Нервозна сум, нерасположена, често се затварам во куќата за да се исплачам од маката, бидејќи сум немоќна нешто да сменам.

Тој што може ќе се врати на село, ќе сади зеленчук, ќе чува пилиња, јагниња, гуски и свињи да има што да јаде. Стравувам дека наскоро ќе бидеме сите гладни. Можеби тоа е така смислено од големите сили, како во секоја војна, народот да остане гладен. За среќа јас сум на село кај мајка ми и имаме што да јадеме. Што ќе прават останатите?

Страшно е и ако не сакам да паничам, но веќе ни во тв-емисии не ми се оди да гостувам. Сето тоа кошта, морам да направам фрузура, морам да се нашминкам, морам да ставам бензин во автомобил, морам да облечам некој фустан не можам секогаш во ист, а сето тоа многу пари чини. Но, пари нема, раскажа Божиновска пред новинарите. Д.М. фото:ФБ/vecer.mk