Загревањето започна

Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ конечно може да здивне.

Грен слемовите завршија, олимпиското злато е освоено, а неодамна важна победа извојува Србија над Грција во Дејвис купот.

Следна станица за српскиот ас е Бугарија каде ќе одигра егзибициски меч со својот голем пријател Григор Димитров .

Ноле на социјалните мрежи објави интересно видео од „загревањето“ за шоуто во Софија кое е закажано за 17 септември.

Имено, Ѓоковиќ во транс ја пее бугарската верзија на песната „Луда за тобом“, која е голем хит на Лепа Брена .

Многумина се прашуваат колку јазици знае тенискиот КОЗА, бидејќи зборува бугарски како неговиот мајчин јазик.