Социјалната мрежа Инстаграм воведува нови правила, со цел да се заштитат помладите корисници.
Возрасните веќе нема да можат да праќаат директни пораки на тинејџери кои не ги следат, а помладите корисници ќе бидат предупредени при праќање на директни пораки кон постари лица кои покажале потенцијално сомнително однесување.




Помладите ќе можат да ги пријават или да ги блокираат возрасните корисници кои им праќаат пораки, а Инстаграм ќе ги потсети дека не мораат да одговараат на пораките, како и да бидат внимателни при споделување на фотографии, видео снимки или информации со некој кого не го познаваат.




Сомнително однесување подразбира голем број барања за праќање пораки на лица помлади од 18 години. Оваа можност ќе биде достапна у одредени земји веќе од овој месец, а наскоро и во целиот свет.




Инстаграм работи и на технологија која ќе се обиде да одреди колку корисниците навистина имаат години. Според моменталните правила, помладите од 13 години не можат да направат профил на Инстаграм, но тоа правило многу лесно може да се избегне.
