Во снимката посебно се посвети на повторното насочување кон човечките вредности.
Новата 2021. година ја дочекавме со оправдана надеж дека ќе биде во најмала рака понормална од претходната.




Епидемијата со вирусот сите нас во целост не промени, а многу луѓе во светот и во овие моменти се наоѓаат во карантин, надевајќи се дека спасот е зад аголот.
Еден од оние пророци, кој во последно време има се поголема популарност на Јутјуб, е и Бобан.




Овој маж веќе некое време преку својот канал им се обраќа на своите следачи советувајќи ги што да прават во овој период и како да ги пребродат тешките моменти. Во последното видео, неговото обраќање е забележано на 30. декември 2020 година, кога Бобан открил кога го очекува крајот на епидемијата и целосно враќање во нормалниот живот за сите нас на Балканот.




“Моравме да бидеме многу јаки во 2020. година, за да бидеме среќни во 2021 година. 2020 не беше лесна. Затоа, пијте ги најдобрите пијалоци, јадете ги најдобрите јадења, од најубавите садови. Облекувајте ја најубавата гардероба, уживајте во најубавите детали.
Животот е чудо, во момент може да се промени. Животот треба да се живее. Легендата вели дека некогаш постоеле луѓе кои биле во ситуација да одат исправено, кај кој зборот бил нешто свето, кои се труделе да го испочитуваат она што го кажале. Многу тоа исчезнало во животот. Треба да се вратат старите работи”, рече помеѓу останатото Бобан.




Потоа се сврте на случувањата во светот кој ги гледа во 2021 година.
“Што не чека во 2021 година? Таа не донесува ништо поврзано со лоши сценарија. Нема да има лоши работи. На чело на Германија ќе дојде друга личност наместо Ангела Меркел. Во Велика Британија друг монарх ќе дојде на власт. Ништо од тоа нема да предизвика големи економски потреси во светот. На берза треба да се вложува во скапоцени метали, на сребро. Треба да се биде внимателен при вложувања во нафта. Во некои земји од поранешна Југославија ќе има одредени политички промени.




Исто така, 2021 година ќе донесе многу нови научни достигнувања. Ваkцинацијата ќе го сопре проблемот. Затоа, оваа година ќе биде судбоносна. Дилемата на многу клиенти беше дали да се ваkцинираат или не. Секој треба сам да донесе одлука, јас ќе ја послушам медицинската струка. Од април годината ќе не внесе во нормални токови. Во текот на летото можете да планирате нормални годишни одмори. Животот ќе започне да личи на живот”, отпимистичен е Бобан.
Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
