Минералот магнезиум е многу важен за одржување на доброто здравје на човечкиот организам – потребен му е на срцето, нервите, но и на вашите мускули.
Тој учествува во активирањето на преку 300 ензими, кои овозможуваат нормално одвивање на метаболичките процеси во организмот. Бидејќи нашиот организам не е во можност сам да произведува магнезиум, неопходно е негово редовно внесување преку исхраната или суплементација. Дневните потреби за внес на магнезиум кај возрасните и децата над 12 години се од 300 до 400 милиграми (препорака од Германското здружение за исхрана).




Кои се добрите ефекти на магнезиумот?
Тој го смирува нервниот систем, го подобрува сонот и ги намалува тегобите
Магнезиумот регулира одредени хормони во вашиот организам кој имаат смирувачки ефекти на мозокот, придонесуваат на релаксација и опиуштање.
Токму од таа причина, недостатокот на магнезиум доведува до послаб квалитет на сон, па дури и до несоница.
Овој минерал е важен за функционирањето на невротрансмитерот кој се нарекува Габа, а кој е заслужен за лачењето на серотонин, хормонот на среќата.




Го подигнува нивото на енергија
Магнезиумот е важен и за активација на аденозин трифосфтат или АТП. Станува збор за главниот склад на енергија во внатрешноста на вашите клетки. Затоа, доколку ви недостасува овој минерал, постојано ќе чувствувате замор.
Недостатокот на магнезиум исто така значи и дека побрзо ќе се уморувате во текот на физичките активности, ќе ви биде потребно повеќе кислород и ќе имате поголем број на отчукувања на срцето.




Го подобрува варењето
Магнезиумот ја неутрализир желудочната киселина и го поттикнува движењето на столицата низ цревата, затоа, за оние кои патат од затвор, многу е важно да го земаат овој минерал преку храната или суплементација.
Магнезиумот исто така ги опушта мускулите во целиот систем за варење, како и цревата, што е добар поттик за празнење на организмот.
Напомена: Доколку земате додатоци во прехраната со магнезиум, вашиот систем за варење би требало да биде избалансиран и нормален, но доколку забележите дека магнезиумот има ефект на вистински лаксатив и често ве приморува да извршите нужда или да имате дијареја, тоа е знак дека земате преголеми дози од овој минерал.




Го балансира нивото на натриум, калиум и калциум во организмот
Недостатокот на магнезиум во организмот негативно се одразува и на нивото на другите минерали, како калиум, калциум и натриум. Тој, имено, помага во транспортот на јоните на калциум и калиум низ мембраните на клетките.
Во комбинација со калциум, магнезиумот игра важна улога во обликувањето на коските и во синтезата на ДНК и РНК. Исто така, во случај на недостаток на магнезиум, калциумот непотребно се таложи во меките ткива во вашиот организам.




Магнезиумот е неверојатно важен и за нормалната контракција на мускулите и за самиот срцев ритам, како и за спроведување на нервните импулси.
Ги намалува грчевите, болките и напнатоста во мускулите
Доколку во организмот немате доволно магнезиум, би можеле да чувствувате грчеви во мускулите. Магнезиумот е неопходен и за опуштањето и за контракцијата на мускулите, како и за нормално движење. Овој минерал го балансира нивото на калциум, што е многу важно за нормално функционирање на сите мускули, па и оној срцевиот.
Ја ублажува мигрената и ја спречува депресијата
Имајќи во предвид дека магнезиумот придонесува до циркулација на крвта, тој го спречува стеснувањето на крвните садови кои иначе доведуваат до покачен крвен притисок и ги отпушта хормоните за ублажување на болките. Земаењто на овој минерал може да ја спречи или барем да ја ублажи појавата на мигрена.




Истражувањата покажуваат дека симптомите на мигрена се ослабени кај оние испитаници кои земале додатоци во прехраната со магнезиум.
Истражувањата покажале дека кај акутната мигрена многу добро помага интравенската примена на растворот магнезиум сулфат. Имајќи во предвид дека магнезиумот го поттикнува производството на хормонот серотонин, тој наголемо помага и кај депресијата.
Некои експерти сметаат дека ниското ниво на магнезиум во храната е еден од важните фактори кои придонесуваат до зголеманата зачестеност на депресија и други ментални заболувања. Исто така, доколку во организмот недостасува овој минерал, самиот организам е поподложен на различни алергии.




Го чува здравјето на срцето и крвните садови
Некои магнезиумот го нарекуваат и минерал на срцето – и ова не е без ричина. Тој, имено, многу помага за здравјето на овој орган.
Лицата кои внесуваат дополнителни количини од овој минерал, имаат многу помал ризик од срцеви заболувања. Магнезиумот ги спречува контракциите и стеснувањето на крвните садови кои доведуваат до покачен крвен притисок.
Магнезиумот е клучен и во спречувањето на срцев удар бидејќи некои случаеви на срцев удар се предизвикани токму преку грчењето на хонораните садови, поради кои срцето останува без кислород.




Придонесува за здравјето на коските и забите
Недостатокот на магнезиум всушност и не е лесно да се открие, а за тоа постои оправдана причина. Дури 57 отсто од тој минерал се наоѓа во вашите коски.
Магнезиумот е многу важен за метаболизмот, бидејќи калицумот го претвора витаминот Д во активен облик во телото. Значи, тој е неизоставен дел од изградбата на цврстите коски.
И не само тоа. Доколку сте мислеле дека калциумот е најважен за вашите заби, не е точно. Имено, бројни истражувања покажуваат дека за забите (како и коските) најважен е магнезиумот. Само благодарение на него, вашите заби ќе бидат цврсти и здрави.




Има силен детокс ефект на организмот
Доктор Каролајн Дин, која ја напиша славната книга Магнезиумско чудо, нагласува дека магнезиумот е важен за заштитата на мозокот од влијанија на тешки метали на кои сме изложени како аломиниум, олово и жива.
Доколку на вашиот организам му недостасува магнезиум, вашите шанси з развивање на тешки заболувања како Паркинсон или Алцхајмер се значително зголемени.
Исто така, глутатион, природен антиоксиданс кој го елиминира оловото, живата и арсенот од вашиот организам, за својата синтеза има потреба од, магнезиум.




Го намалува ризикот од дијабтис тип 2
Се проценува дека речиси 50 отсто од дијабетичарите имаат ниско ниво на магнезиум во крвта. Истражувањата покажуваат дека лицата кои имаат недостаток на овој минерал, имаат поголем ризик за развој на дијабетис тип 2.
Истражувањата исто така покажале дека кај дијабетичарите кои секојдневно земале високи дози на магнезиум, значително се подобрила нивната состојба поврзана со нивото на шеќер во крвта, како и хемоглобинот А1с, кој е клучен за мерењето на глукозата во крвта.
Храна богата со магнезиум




Богат извор на магнезиум се јаткастите плодови и зелениот лиснат зеленчук.
Во намирници богати со магнезиум спаѓаат и: спанаќ, блитва, грашок, броколи, кељ, грав, леќа, соја во зрно, бадеми, лешник, ореви, кикирики, авокадо, банани, јагода, капини, месо, какао, јогурт, кефир, смокви, црно чоколадо, кафен ориз и овес.
Храната богата со магнезиум треба да биде секојдневно застапена на вашето мени, со редовна хидратација. Резултатите од спроведените истражувања укажуваат дека лицата кои редовно конзумираат намирници богати со магнезиум поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести и карцином на дебелото црево.
