Среќата и мирот не се недостижни – потребно е само да се следат насоките на Буда.

Во време кога конфликтите, натпреварот и постојаната потреба за докажување станаа секојдневие, сè повеќе луѓе трагаат по внатрешен мир. Прашањето како да се пронајде рамнотежа и вистинска среќа никогаш не било поважно од денес – а токму за тоа зборува Буда, човекот кој својот живот го посветил на разбирање и надминување на човечкото страдање.

„Победата раѓа омраза, поразениот живее во тага. Во среќа живее оној спокоен човек кој се откажал и од победа и од пораз“, рекол Гаутама Буда.

Овој цитат нè потсетува дека постојаната желба за победа често создава раздори – и со другите, и во нас самите. Оној што губи носи горчина, а победникот често предизвикува завист и непријателство. Вистинската среќа доаѓа дури кога ќе се ослободиме од потребата постојано да бидеме подобри од другите и ќе го прифатиме животот без споредби – во мир со себе.

Сидарта Гаутама Буда бил источен мудрец, основач на будизмот и симбол на духовно будење. Длабоко погоден од човечкото страдање, тој го посветил животот на потрагата по неговите причини и начини за негово надминување. Неговото учење се темели на идејата дека желбата е коренот на страдањето, а дека со ослободување од врзаноста може да се достигне внатрешен мир и исполнет живот.