Георгина се здоби со неверојатна популарност како девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, па денеска не може да излезе од својот дом или да посети некаков јавен настан, а да не биде забележана од страна на фоторепортерите.

Животот на сега 26 годишната Георгина Родригез целосно се промени пред четири години, кога тогашната sвезда на Реал Мадрид еден ден влезе во продавницата на Гучи, каде што Георгина била вработена како асистент на продажба.

Не е тајна дека вереницата на Роналд во тој период заработувала десет евра на час, како и тоа дека уште од рани години морала напорно да работи за да може да го издржува семејството, но денеска само од своите фотографии на социјалните мрежи заработува илјадници долари.

Англичаните успеаја да пронајдат фотографија на Георгина од времето пред Роналдо. Погледнете:

Патем, тие потсетуваат и на нејзината изјава дека сака сама да се избори за сè.

“Сакам да заработувам сама и не сакам некој да ми дава нешто. Ако можам да купам нешто ефтино, го правам тоа. Ако не можам да носам Шанел, одам во Зара”.