




Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи – пееше и прашуваше Тоше Проески.




Според мене, тој совршено го опиша македонскиот синдром, тоа дека заради недостаток на лично исполнување луѓето во основа се тажни, па наместо некако да се изборат со тоа, тие одбираат да се носат со таа тага живеејќи во туѓи животи, оговарајќи, критикувајќи, целосно обземени со туѓи успеси и неуспеси, со тоа како, од каде и зошто другиот живее вака или онака.




Настрана економија и политика, мислам ова е број еден причина зошто повеќето млади луѓе сакаат да ја напуштат Македонија, таа општа тешка атмосфера на завист, злоба и малограѓанштина, каде што луѓе повеќе се плашат од она „што ќе речат комшиите“, одошто од тоа да одживеат еден неисполнет, бесцелен и тажен живот.




Сепак, ова не мора да е судбина, имаме избор, а некои веќе и живеат поинаку од „нормата“, па има надеж.

