Тешко ѝ беше да се навикне на новата средина




Холивудската актерка позната по улогите во популарната серија „Среќни седумдесетти“ и хит филмовите како „Пријатели со привилегии“ Мила Кунис е родена во украинскиот град Чернихив, а нејзиното вистинско име е Милена Марковна Кунис.




Популарната актерка таму живеела до својата седма година, кога емигрирала во САД со родителите и братот, а своевремено во една емисија зборувала за растењето во тогашниот Советски Сојуз, како и за тешкото приспособување на новата средина.




– Моите родители имаа пристојни работни места. Имавме среќа. Не бевме сиромашни додека живеевме во поранешниот СССР, додека повеќето луѓе беа многу несреќни. Стигнавме во Њујорк во средата, а до петокот наутро со брат ми Мајкл бевме на училиште во Лос Анџелес – изјави таа во емисијата.




Иако подоцна лесно се вклопила во САД, самиот почеток за актерката бил многу болен, па поради неможноста да се вклопи била принудена да го замрзне второто одделение.
– Плачев секој ден. Не ги разбирав луѓето. Не го разбирав јазикот – изјави Кунис.
Иако актерката не го рекламираше актуелниот конфликт меѓу Украина и Русија, нејзиниот сопруг, познатиот актер Ештон Качер, застана покрај земјата на неговата сопруга и на Твитер накратко напиша: „Јас стојам покрај Украина“.
