Во поголемиот дел од денот ќе дува слаб променлив ветер, а повремено и умерен до силен, од јужен и југоисточен правец.
Денес наутро и претпладне, во одделни делови од Македонија, како и по котлините и речните долини, се очекуваат магла и ниска облачност, кои на одредени места ќе се задржат во текот на целиот ден, се наведува во прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод.
Во останатите краишта времето ќе биде претежно сончево, особено на повисоките планини.
Минималната температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а максималната од 5 до 10 степени. Во местата каде што маглата ќе се задржи подолго, ќе биде постудено, со температура околу 2 степени.
Во вечерните и ноќните часови, во поголемиот дел од земјата се очекуваат ниска облачност и магла.
Во Скопје, наутро и претпладне, во пониските делови од градот се очекуваат магла и ниска облачност, додека попладне ќе има краткотрајно разведрување. Ќе дува слаб источен и југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде од 2 до 5 степени, а максималната околу 8 степени. Навечер и во текот на ноќта повторно се очекуваат ниска облачност и магла.
Во недела и понеделник, во поголемиот дел од Македонија времето ќе биде облачно и магловито, а на одделни места можно е појава на слаб дожд. Во ридско-планинските предели се очекува претежно сончево време.
Во вторник, магла и ниска облачност се очекуваат главно по котлините и во западните делови од земјата.
Во среда ќе има зголемување на облачноста со дожд, кој наутро ќе зафати одделни делови, а потоа ќе се прошири и во останатите краишта. На планините краткотрајно ќе паѓа и снег. Од четврток, врнежите ќе бидат поретки, а температурата ќе биде во благ пад.
Во текот на наредната седмица ќе дува умерен до силен, а повремено и олуен југоисточен ветер.
