Пејачката Александра Младеновиќ донела голема животна одлука – планира да купи стан во Дубаи, град кој, како што истакнува, го доживува како своја оаза на мир.

Таму, вели, најмногу ужива бидејќи ретко среќава луѓе од Балканот, па може целосно да се опушти, да се одмори на плажа и да се посвети на себе.

Посебен поттик ѝ дала и нејзината кума, пејачката Вања Мијатовиќ, која веќе има инвестирано во недвижнина во истиот град.

Александра откри дека станот што планира да го купи ќе го издава, со што ќе заработува дополнителни приходи.

„Точно е дека си пикнав еден стан во Дубаи и дека планирам да го купам. Ми се допаѓа затоа што има море, затоа што е убаво и таму вистински уживам – никој не може да ти го наруши мирот и одморот, а и ретко среќаваш наши луѓе. Го земам станот за издавање, тоа е бизнис. Ако се појави и некој добар дечко во Дубаи – зошто да не се преселам? Немам пороци и паметно вложувам. Се трудам моето семејство да биде задоволно, а и јас самата. И мојата кума Вања таму купи стан, што дополнително ме мотивираше,“ изјави Александра во „Премиера викенд специјал“.

Пејачката откри и дека засега не размислува за брак.

„Сфатив дека не сум уште за мажачка. Работам секој ден, само спијам, јадам и работам. Кој би го трпел тоа? Секој маж сака жена која ќе му биде посветена, а јас немам време за тоа. Пробав, но направив големи грешки. Кога ќе ми се намалат обврските – ќе се посветам и на тој дел. Музиката ми е прва љубов. Многумина се обидуваа да ми наметнат дека треба да бидам домаќинка, а не да работам… Залjuбена сум, но немам време за тоа сега. Имам симпатија,“ откри таа, која Нова година 2026 ќе ја дочека во Белград.

„Работам дневна Нова година во Нови Сад, а навечер настапувам со колеги во Белград. Се надевам дека во 2026 ќе се појави вистинскиот. Секоја година си пишувам цели, оваа речиси сите ми се остварија. Би сакала меѓу луѓето да завладее повеќе љубов. Луѓето се многу несреќни сами со себе. Не ме интересира туѓиот живот, има премногу омраза. Генерално, со сите сум во добри односи. Постои клановување на естрадата, но јас си сум приказна за себе и не ми влијае тоа. Само Господ ме чува и само нему му верувам,“ изјави Младеновиќ.

Инаку, пејачката неодамна си купила и луксузен автомобил вреден 130.000 евра. Новото возило предизвика големо внимание во јавноста, а таа откри дека токму тој модел со години ѝ бил голема желба.