Сите граѓани на Македонија кои планираат да ги поминат велигденските празници надвор од границите на својата земја, треба да се подготват за значајни промени на граничните премини. Патувањата во наредниот период ќе бараат многу подобра организација, но и трпение:

Каде и да ја преминуваме границата, без разлика дали станува збор за авион, автомобил, автобус или воз, ќе мора да бидеме регистрирани. Важно е луѓето да бидат трпеливи, бидејќи процедурата трае одредено време и сигурно ќе предизвика чекања на граничните премини.

Иако се воведува строга контрола, постои и „безбедносен вентил“ во случај на целосен колапс на границите. Под притисок на туристичката индустрија, Европската комисија им овозможи на земјите членки привремено да го суспендираат системот доколку гужвите станат преголеми.

Европската комисија ја донесе оваа одлука по бројни жалби од туристичкиот сектор и поради очекувањата дека новиот систем ќе предизвика големи гужви во земјите членки на ЕУ кои значително зависат од туризмот. Така, од 10 април, и покрај целосната примена, секоја држава ќе може самостојно да одлучи, односно граничните служби, во одредени периоди да го суспендираат EES системот.

За оние кои мислат дека една регистрација е доволна, Секое влегување подразбира нова проверка на идентитетот.

Потребно е да се разјасни дека еднаш направена регистрација не значи дека нема повторно да се регистрираме. Секој пат мора да се врши регистрација, бидејќи системот е така дизајниран – да ве препознае при секое влегување.

За таа цел се користи таканаречена двојна верификација – покрај пасош, потребно е и фотографирање, а доколку претходно не е направено, и земање отпечатоци од прсти.

Како олеснување за летната сезона, се очекува растеретување на граничниот премин Евзони поради затворањето на границата меѓу Бугарија и Грција, што ќе ослободи дополнителен кадар. Сепак, правилата се јасни и неизбежни:

Ова е регулатива што веќе е во сила. Можеме да ја критикуваме и да бидеме незадоволни, но тоа нема да го промени фактот дека ќе се применува.