Еден татко имал две ќерки. Едната била омажена за градинар, а другата за циглар. Еден ден таткото отишол да ја посети жената на градинарот и ја запрашал како и оди во животот. Се е во ред – му одговорила таа. Имам само една единствена желба: Да заврне силен дожд, за да пркнат растенијата на мојот сопруг.




Следниот ден таткото отишол да ја посети својата помала ќерка. Ја запрашал и нека како и оди во животот. Таа исто така била задоволна но имала само една, единствена желба: Да не врне дожд, за да се исушат циглите кои ги произведувал нејзиниот сопруг.




Таткото не рекол ништо и само си помислил: Луѓето имаат различни потреби, многу е тешко на сите да им угодиш.




Совет: За да живееш среќно, не труди се да им угодиш на другите, и онака на крај нема да бидат задоволни, ни пак ќе ти кажат благодарам. Гледај си за себе и не мешај се во туѓи работи.
