После интензивен тренинг 23 годишна девојка почувствувала интензивна болка, за подоцна да дознае дека боледува од синдром предизвикан од оштетување на мембраната на мускулните клетки.

Киана Алварез, 23 годишна девојка завнисничка од фитнес, се бори со смртоносната болест која е последица на претерување со тренирање во теретана.

Девојката после интензивните вежби тешко дишела и чувствувала интензивна болка, но сето тоа му го препишала на заморот. Набрзо сфатила дека не може ниту правилно да дише.

Самата успеала да препознае дека се работи за рабдомилиоза, редок синдром кој настанува поради оштетување на мембраната на мускулните клетки, имајќи во предвид дека нејзината омилена бодибилдерка Дана Лин Бејли заболела од истиот синдром пред година дена.

“Спортистка сум и сакам да се предизвикувам до крајни граници, па тоа и го правев. Не знаев дека вакво нешто е можно. Претерав со вежбањето. И тоа е можно, кој би знаел? Дури после пет дена сфатив дека нешто не е во ред со мене”, напишала Бејли на Инстаграм минатата година.

Заболуваат воглавно војници и спортисти

Рабдомилиозата е потенцијално опасна по живот бидејќи ги разградува мускулите, ги уништува бубрезите и го оштетува срцето.

Честа е кај новите војници и спортисти кои се исцрпуваат до крајни граници.

Состојбата обично се лечи со интеравенски течности за да се создаде доволно урина и се спречи затегање на бубрезите.

Киана додала дека пред дијагнозата не пиела доволно вода и дека секогаш тренирала пред појадокот.