Сите 29 жени ги „сакал, почитувал и негувал на свој чуден начин“, но ниту една поранешна сопруга не дошла на неговиот погреб. Зборувал дека ќе се ожени со принцезата Дајана, а никој не очекувал дека ќе умре сам.

„Најженетиот човек на светот“ за време на своите бројни љубовни авантури задржал позитивен став и смисла за хумор. Секој брак го сметал како страница од неговата необична животна книга. Зад себе оставил 19 деца, но иронично, последните години ги поминал сам.

Приказната привлекла големо внимание на социјалните мрежи. Се оженил 31 пат со 29 жени, а со две сопруги се развел и повторно се оженил. Држел светски рекорд за најмногу моногамни врски.

И покрај осаменоста во последните месеци од животот, никогаш не го изгубил чувството за хумор. Се сеќавал на необични моменти од своите свадби, како кога една невеста носела две различни чевли или кога свадбената торта се срушила непосредно пред церемонијата.

Првпат се оженил на 18 години: Често менувал типови на жени

Глен Вулф е роден во 1908 година, а првиот брак го склучил веќе во 1926 година. Најкраткиот брак му траел 19 дена, а најдолгиот 11 години, со Кристин Камачо, неговата 28-ма сопруга.

Неговиот син, Џон Глен Вулф, изјавил дека неговиот татко толку често се женел затоа што бил против „живот во грев“, односно повеќе сакал да биде во законски брак отколку во вонбрачна заедница.

Глен живеел 89 години и се женел со жени од различни животни средини – од криминални до зависнички, па сѐ до жени од село. Некои бракови траеле со години, некои со месеци, а некои само неколку дена. Тој тврдeл дека ги сака, почитува и цени сите свои сопруги на свој специфичен начин.

Неговиот последен брак бил со Линда Вулф, која исто така држи рекорд – се омажила 23 пати. Тој брак бил повеќе медиумски трик и по само една недела таа се вратила во својот роден град во Индијана, но го задржала презимето.

Се плашел од осаменост: Починал во старечки дом

Ништо не го плашело Глен повеќе од осаменоста. Според некои извори, им рекол на вработените во старечки дом дека ќе се ожени со Принцезата Дајана. Дури имал и напади на паника ноќе кога ќе се разбудел сам.

Во јуни 1997 година, Глен се појавил на насловните страници на американските медиуми кога починал. Неговата смрт била иронична – човек кој целиот живот го посветил на бракот, го завршил сам, без пари, во старечки дом.

Иако имал големо семејство со 29 жени и 19 деца, само неговиот 33-годишен син сакал да го погреба. Но дури ни тој не можел да го преземе телото бидејќи не бил најблизок законски роднина. Ниту една поранешна сопруга не присуствувала на погребот – што многу зборува за односите што ги имал со нив и со своето семејство.