Сега имаме уште еден пејач кој се префла на друг бизнис како што беше пред некое време пејачот Ѓоко Јовиќ за Ѓурѓовден објави фотографија од нивата на која почнал да работи во неговото Валандово.

Вели дека сега почнал да продава домати бидејќи од музика не се живее.

Пандемијата со коронавирусот ги остави музичарите без свирки, па сега секој се снаоѓа како може и умее. Претходно сопругата на Ѓоко објави видео од него и се пофали дека почнал да чува овци. Таа се пошегува и напиша дека одлично му оди со бизнисот во сточарството.

Овој пат го имаме Спасен Силјановски македонскиот пејач кој се огласи на ФБ и ги повика сите што им е досадно да земат лопати и да отидат кај него во село.