Поп-sвездата Рита Ора организирала забава за 30-тиот роденден во саботата вечерта во ресторанот Каза Круз во Нотинг Хил во Лондон – поканила 30 пријатели, но забавата заврши со полициска интервенција.

Имено, англиската пејачка со косовско потекло ги прекршила епидемиолошките мерки за забрана за собирање, за што е казнета со 10.000 фунти.

Јавноста е бесна со причина: „Додека сите седат дома поради коронавирус и страв од инфекција и немаат социјален живот, таа смета дека може да се забавува само затоа што е позната и богата“, коментираат многумина.

Засрамена, Рита се извини за својата „сериозна и непростлива грешка во проценката“, дури го откажа гостувањето во ТВ-емисијата „Џонатан Рос шоу“, но во исто време, пишува The Mirror, очигледно желна за одмазда, започнала приватна истрага за да се најде кодошот кој ја пријавил во полиција.

– Смислува план и поставува стапица – вознемирена е и параноична, се сомнева дека некој од нејзината компанија ја изневерил. Забавата требаше да биде тајна, а полицајци и фотографи се појавија пред вратата на ресторанот – Рита не го исклучува фактот дека можеби е накодошена од лице кое не добило покана за роденден, сè е можно – открил извор близок до пејачката.