Извршувањето на работите и опремувањето на величествената вила на Кристијано Роналдо во Лисабон, вредна над 7.000.000 евра , полека завршува . Колку ќе биде специфичен овој имот сам по себе, покажува и фактот што дизајнерите мораа да повикаат кран, за да внесат огромен кревет низ покривот, кој ќе биде сместен во спалната соба на Португалецот.




Покрај тоа, трансформацијата на оваа вила опфати и инсталирање на голем плакар во стилот на Луј Витон, кој вреди над 400.000 евра, и кој ќе го украси големиот ходник на влезот во пентхаусот. Кристијано Роналдо беше потврден како купувач на овој имот уште во 2019 година, кога португалските медиуми потенцираа дека ова е најскапата аквизиција досега во таа земја кога станува збор за куќи или станови.




Ангажирани се дури пет дизајнери само во внатрешноста на вилата, се со цел да се задоволи вкусот на пребирливиот Кристијано Роналдо и неговата девојка Герогрина Родригез. Споменатиот кревет, мурал, па дури и четири соби за деца, кои се украсени според нивните желби, се само дел од богатството што се крие зад ѕидовите.




Овој пентхаус ќе биде еден од четирите домови што Роналдо моментално ги поседува во неговата колекција и ќе му помогне да се одмори од фудбалот на денот кога ќе одлучи дека сè е доволно и се повлече. Говорејќи за други недвижнини што ги поседува, вреди да се спомене вила на португалската ривиера на околу половина час од аеродромот во Лисабон, потоа куќа во вредност од 5.500.000 евра во близина на Мадрид и седумкатен стан во Фунчал на островот Мадеира , што го купи во 2019 година. Неговата мајка Долорес и постариот брат Уго живеат во последниот.




Како што понатаму се наведува во португалските медиуми, на Роналдо не му било лесно да ја добие оваа вила, бидејќи тој мораше да победи уште двајца милионери за да ги добие клучевите. Оваа вила, која има дури 3.100 квадратни метри, има спа центар, базен и многу други содржини.
