Пациентите кои го земаа овој лек се опоравуваа во просек за 8 дена, додека пациентите третирани со класични методи се опоравуваа по 14 дена.

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Лајтрагин“ за третман и превенција на пневмонија предизвикана од вирусот корона , објави денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница

Лекот за спреј „Лајтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во Министерството за здравство на Русија. Наменет е за превенција и третман на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на вирусот корона – се наведува на веб-страницата на агенцијата, пренесе ТАС С.

Се додава дека производството на лекот е во тек, пренесува Танјуг.

Леитрагин е првиот лек кој има за цел да спречи и да се бори против бурата со цитокини предизвикана од ковид-19.

За време на клиничкото тестирање, немаше смртни случаи или посериозни случаи кај 320 пациенти со умерени симптоми на ковид-19.

Пациентите кои земале Леитрагин се опоравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класични методи се опоравиле по 14 дена.