Обично не пишувам статуси, но осеќам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека пишувам плачам како мало дете.

Сакам најпластично да ви објаснам каква е работата на медицинскиот персонал во ковид центри овој период – СЕ МОЛИМЕ НА СИТЕ БОГОВИ ДА НЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТИТЕ!

Сѐ правиме, даваме и повеќе од себе…едноставно вирусот е вон секаква контрола и не бира возраст. Седете дома, носете маски и гледајте некако да се вакцинирате. Сите сме ризична категорија.

Вие гледате само бројки на социјалните мрежи, ние ги гледаме лицата и расплаканите фамилии на тие бројки. И нема доволно силен човек за да се носи со сето тоа.

Кога лекарите молат за помош, треба да ја сфатите работата сериозно. …а молиме предолго веќе.