Приказните за фолкерката Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби се секогаш интересни за јавноста. Пред неколку години, таа долг период престојуваше во Швајцарија.

Причина за тоа, како што тогаш тврдеа многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци. Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед.

Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.

По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив. Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.

“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рече Сања тогаш за медиумите.

Минатата година, фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ кое што го сними заедно со Џамбо Агушев.

Автори на ова музичко дело се Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.

Таа за емисијата „Бекстејџ“ открива како дошла до идеја за оваа песна и каква порака крие оваа песна.

– Сите добро знаеме колкаво зл о донесе оваа пандемија, од моите колеги никој не се сети да направи нешто вакво. Сите се тмурни и разочарани, па сакав преку оваа песна да ги развеселам малку луѓето, вели Сања.

Идејата за оваа песна беше лично моја, се искажав низ песната, се надевам ќе ги развеселам барем малку луѓето, вели Сања Барби.

– Песната веќе е на „Јутјуб“ и има доста позитивни коментари но и негативни коментари, од негативните коментари можеме да заклучиме колку негативни личности има овде кај нас.

-Можеби околу 70 проценти од населението се такви, тие се полни со љуб-омора и омр-аза, кога ги читам тие коментари се смеам на цел глас. Изјави Сања Барби за емисијата „Бекстејџ“