Ручекот за двајца во ресторан во Врање чини 600 денари
Два свински вратови, две ракии, лута пиперка и две лепчиња во ресторан во Врање чинат 600 денари. Обилен ручек за двајца чини колку мала порција во наш ресторан.
Александар бил прилично изненаден кога ја добил сметката, истакнувајќи дека знаел дека во Врање се е поевтино , но дека не очекувал таква разлика. Цената на ракија по парче е 30 денари, една порција свински врат чини 140 денари
Угостителските услуги во октомври биле поскапи во просек за 11,8 отсто во однос на истиот месец лани. Само храната во угостителските објекти поскапела за 12 отсто во однос на лани, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Колачите поскапеле за 12,5 отсто, топлите и ладните предјадења за 12,1 отсто, а чорбите за 11,3 отсто. Во групата прехранбени производи, во однос на октомври 2022 година, најмногу поскапеле печивата и оброците по нарачка и тоа за 13,5 отсто. Истражувањето опфати околу 40 видови на угостителски услуги, оброци, пијалоци и сместување.
