Седумка на Лото вечерва го посреќи играчот кој лото ливчето го уплатил на продажното место ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје, објави Државната лотарија вечерва на својот Фејсбук профил.




Среќниот добитник го очекува сума од рекордни 669 илјади евра.




„Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021. Износ на добивка: 41,163,771.60 ден“, стои во објавата на Државната лотарија.




Добитната комбинација која ја погоди овој играч гласи: 1, 20, 24, 25, 31, 32 и 34.




Лотарија соопшти дека во вечерашното коло на Лото 7, освен седумката, имало и две шестки кои на оние кои ги уплатија ливчињата ќе им донесат 169.000 денари (околу 2.700 евра).
