Покрај копривата, која е позната по своите лековити својства, се истакнуваат нејзините семиња, кои се користат во народната медицина за анемија и крвни проблеми.




Копривата најде широка примена во народната медицина. Се користи целото растение и неговите одделни делови – стебло, лисја, семиња и корени.
Семето од коприва го зголемува нивото на енергија и е одлично за зајакнување на либидото.




Копривата содржи: Пантотенска, кофеична, ферулна и р-кумарна киселина, хистамин, ацетилхолин, каротен и други каротеноиди, витамини Ц, К и Б комплекс, фитоциниди, хлорофил, танини и протеини, скроб, железо, калциум, цинк.
Семето од коприва помага при:
- зајакнување на имунитетот
- третман на анемија
- инфекции на уринарниот тракт
- регулирање на нивото на холестерол
- зајакнување на забите и коските
- чистење на црниот дроб и крвта
- ревматски заболувања и артритис
- подобрување на работата на надбубрежната жлезда и ендокриниот систем
- подигање на либидото
Како да се користи?
Најлесен начин да консумирате семе од коприва е да го измешате со мед. Во таа смеса можете да додадете и исцеден лимон. Освен што е вкусна, оваа витаминска мешавина ќе го подигне и имунитетот и нивото на енергија. Доволно е да земете една, до две, лажички на ден.




Може да ги мешате семето со јогурт или смути, ако не сте љубител на мед.
