Интересните детали од љубовниот живот на Фране Ласиќ никого не оставаат рамнодушен.

Фране Ласиќ денес ужива во љубовта со преубавата Милена, а по првиот пропаднат брак со Маја Никшиќ, со која го има синот Јанко, глумецот во 1983 година се оженил со Лилјана од Белград, а тој брак траел само три недели.

По десет години, Фране повторно стапил во брак – овојпат со манекенката Жива Ступинк, со која има две деца.

„Хармонијата во бракот се одржува со заеднички договори“

Се чини дека дури во четвртиот брак ја пронашол вистинската среќа во љубовта.

– Се трудејќи да ја освојам Милена, сфатив дека станува збор за квалитетна, драга и убава личност. Многу разговори, запознавање, дружење… Хармонијата во бракот се одржува со заеднички договори околу сите важни работи во животот – изјавил Фране зборувајќи за својата љубов со Милена.

Не можеле да се договорат околу името на детето

Интересен е податокот дека познатиот пар никако не можел да се усогласи околу името на детето, па морале да пронајдат име што на двајцата ќе им се допадне.

– Не можевме да се договориме. Јас имав свои желби, тој свои… И никој не сакаше да попушти. Ова е златна средина, задоволни сме и двајцата. Искрено, мислев дека околу тоа ќе ми попушти малку, дека ќе биде помек. Сепак, ова е моја прва бременост – изјавила Милена.

„Многу помлади мажи не се во ваква форма“

Разликата меѓу Милена и Фране е три децении.

– Да, се соочив со разни коментари на социјалните мрежи. Можам само да кажам дека многу помлади мажи би дале сè да се во форма како Фране. Не е сè во физичкиот изглед. Ние се пронајдовме на подлабоко, духовно ниво; среќни сме и тоа ми е најважно. На сите што гледаат негативно на тоа, само би им посакала и тие еден ден да изградат ваков однос – изјавила Милена Ласиќ за медиумите.

Инаку, Милена е многу активна на социјалните мрежи, каде што често објавува фотографии на кои ја покажува својата витка и негувана фигура.