Во јавноста се појави видео кое предизвика бурни реакции и отвори сериозни прашања за начинот на работа во државните институции за време на претходното раководство.
Станува збор за канцеларија во МинистСКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВО: Канцеларија претворена во спална – погледнете го видеотоерството за односи меѓу заедниците, која наместо работен простор, била претворена во импровизирана спална соба – со душеци, перници и лични предмети.
Во просторијата, како што може да се види на видеото, „работеле“ службеници кои ден претходно биле отпуштени, а според информациите, станува збор за кадри поврзани со ДУИ.
По документирањето на затекнатата состојба, новиот министер Иван Стоилковиќ реагирал веднаш. Службениците биле отстранети од просториите и, како што иронично беше порачано, испратени да спијат по дома, а не во државни канцеларии.
Видеото веќе се споделува на социјалните мрежи и предизвикува револт кај граѓаните, кои бараат одговорност за злоупотребата на институциите и јавните ресурси.
